TТК Банка ги намали каматните стапки на кредитите и депозитите

19

ttkTТК Банка изврши соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за физички лица, согласно намалувањето на висината на референтната каматна стапка на НБРМ од 01.01.2014 година.

За 0,25 процентни поени намалени се каматните стапки за одредени ненаменски потрошувачки кредити, кредитите достапни преку соработници, кредитните картички, пречекорувања на трансакциска сметка, кај кои каматната стапка ја надминува законската казнена камата.
Ова намалување се однесува како за новите, така и за постоечките корисници на овие производи.
Банката од 01.01.2014 година ги намали и каматните стапки на одредени депозитни производи за физички лица.
Претходно Стопанска банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банка сооопштија дека ги намалиле каматните стапки.