ТТК Банка ги намали пасивните каматни стапки за физички и правни лица

50

ttk-banka

ТТК Банка, од први овој месец, ги намали пасивните каматни стапки на физичките и правните лица, што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи, стои во соопштението на банката.

Каматните стапки на штедните влогови на физички лица во денари, со рочност од три до 60 месеци, од производните категории: стандардно штедење, скалесто штедење и детско штедење се намалени од 0,15 до 0,35 процентни поени.

Каматните стапки на денарските депозити на правни лица со рочност од 15 дена до 36 месеци се намалени од 0,05 до 1,00 процентен поен.

Промената се однесува на сите постојни и новосклучени договори со важност од 01.02.2017 година. Каматните стапки се објавени на интернет страницата на ТТК Банка, како и на огласните табли во експозитурите и во филијалите на Банката.

Корисниците имаат можност да ги орочат своите средства по конкурентни услови во ТТК Банка и да добијат атрактивни и повисоки каматни стапки во зависност од вложениот износ во рамки на стандардната понуда на производи.