ТТК Банка ги зголеми каматните стапки на штедните влогови во денари од 1.7.2016 година

16

ttk

ТТК Банка од 1 јули ги зголеми каматните стапки на денарските штедни влогови на физички лица, орочени на 3 и 6 месеци за 0,20 процентни поени, односно за 0,50 процентни поени на штедните влогови орочени од 12 до 60 месеци, стои во соопштението.

Истовремено, се намалуваат каматните стапки на девизните штедни влогови во австралиски долар (AUD) до 1,30 процентни поени, орочени од 1 месец до 60 месеци.

Новите каматни стапки се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за штедни влогови, со важност од 1.7.2016 година.