TTK Банка го продолжи промотивниот период до 31-ви мај за потрошувачки и станбени кредити

25

ttk bankaТТК Банка ја продолжи промотивната понуда за физички лица којашто се издвојува со ниските каматни стапки и поволните кредитни услови.

Продолжува понудата на Супер Станбен кредит на ТТК Банка, со најниска годишна фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со грејс период до 12 месеци и само 10% сопствено учество, со намалена провизија за одобрување и без трошоци за процена и обработка на барање за кредит до 31.05.2016 година.

Атрактивниот кредитен производ на ТТК Банка, мој кредит – ненаменски потрошувачки кредит во денари, корисниците имаат можност да го добијат со фиксна каматна стапка од 0,5% до 2,9% годишно, со рок на отплата до три години за износи до 100.000 денари, без жиранти, со определен надоместок за одобрување, достапен за корисници кои не примаат плата/пензија во ТТК Банка, без надоместок за обработка на барање и администрирање до 30.06.2016 година.

Во промотивната понуда е и ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум Смарт, со фиксна каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,30% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период и рок на отплата до 8 години, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања, и тоа без надоместок за одобрување во промотивниот период до 31.05.2016 година.

Дополнително, Премиум Смарт ненаменскиот потрошувачки кредит во денари со девизна клаузула Банката го нуди со фиксна каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.