ТТК Банка: Известување за шалтер Штип ПСС Штип

108

ttk-banka

ТТК Банка ги информира своите корисници дека шалтерот на ТТК Банка АД Скопје, Штип ПСС Штип на ул. Гоце Делчев бр. 58 нема да работи во периодот од 1 август 2017 година до 31 август 2017 година поради технички причини.

Од 1 септември 2017 година (петок) шалтерот ќе продолжи со работа во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот.

На располагање на корисниците во Штип ќе им биде филијалата во непосредна близина, на ул. Ванчо Прќе бр. 27, која работи во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот и сабота од 9.00 часот до 13.00 часот, стои во соопштението објавено на страната на Банката.