ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда на потрошувачките и станбени кредити до 31-ви јануари 

14

ttk banka

ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда без надоместок за одобрување за потрошувачки и станбени кредити до 31-ви јануари 2016 година, се вели во соопштението.

“Супер станбениот кредит ТТК Банка го нуди со атрактивна фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, без надоместок за одобрување и трошоци за проценка за првата година, со грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства“, соопштуваат од ТТК Банка

Премиум смарт ненаменскиот потрошувачки денарски кредит, Банката го нуди со фиксна каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 900.000 денари, без жиранти во зависност од месечните примања, без надоместок за одобрување до 31.1.2016 година.

Ненаменскиот потрошувачки кредит во денари со еур клаузула Банката го нуди со фиксна каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра.

Со бесплатната апликација за мобилно банкарство ТТК м – банка и електронските (СМС и е -маил) сервиси за информирање, корисниците имаат можност за брз, едноставен, постојан и безбеден пристап до информациите за производите и услугите кои ги користат што придонесува за зголемување на нивното задоволство.