ТТК банка отвори нова експозитура во Битола

97

TTK banka LOGO

Согласно својата стратегија за проширување на деловната мрежа и приближување на производите и услугите до крајните корисници, ТТК Банка отвори нова експозитура во градот Битола.

Новата експозитура се наоѓа во населбата Нова Битола, на ул. Генерал Васко Карангелески бр.41 и работи од понеделник до петок, од 09 до 17 часот, односно сабота, од 09 до 13 часот. Банката и во оваа деловна единица ќе понуди брза и квалитетна услуга при извршување на универзалните банкарски активности: кредитирање на физички и правни лица, платен промет во земјата и странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, депозитно работење и други.

На територијата на Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 35 деловни единици: 7 филијали, 24 експозитури, 4 шалтери.