ТТК Банка прокнижи добивка од 40,6 милиони денари за шест месеци

106

ТТК Банка во првото полугодие од оваа година прикажа добивка од 40.613.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на компанијата беше 30.517.000 денари.

“Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни оваа година изнесува 40,6 милиони денари, што е за 32,3% повисок во однос на истиот период минатата година. Во однос на финансискиот план за 2021-ва година, финансискиот резултат го надминува планираниот резултат за овој период за 23,2%. Остварениот позитивен финансиски резултат во првата половина од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилноста на банка и перспективата за здрав раст во наредниот период“, стои во Коментарот за остварените резултати.

Нето приходите од камати на крајот на јуни оваа година изнесуваа 130.811.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 135.195.000 денари.

“Нето приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на банката. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година изнесуваат 130,8 милиони денари и бележат намалување од 3,2 % во однос на истиот период минатата година. Планираните нето приходи од камати се остварени со 97,8 % од Буџетот“, стои во Коментарот.

Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 92,7 милиони денари, па според Коментарот на остварените резултати, се зголемени за 52 % во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирање.

Фото: Pixabay