ТТК Банка со известување за работа на експозитура

21

ttk-bankaТТК Банка АД Скопје ги известува своите корисници дека услугите на експозитурата во општина Карпош, Скопје на ул. Партизански одреди бр.62/2-17 ќе можат да ги користат заклучно со 30.3.2018 година (петок).

Секојдневните банкарски трансакции и услуги корисниците можат да ги реализираат во другите најблиските експозитури на Банката.

Од банката информираа дека во секое време на располагање се услугите достапни преку банкоматите, електронското и мобилно банкарство на ТТК Банка.

За најблиската филијала/експозитура на ТТК Банка можете да се информирате на следниов линк.