ТТК Банка со нова пониска каматна стапка за станбен кредит

25

ttk banka

Од први јануари оваа година, ТТК Банка АД Скопје ја намали каматната стапка на Супер станбениот кредит за физички лица и воведе две понуди за овој кредитен производ.

Во рамките на првата понуда, корисниците, приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за Супер станбениот кредит на ТТК Банка, со фиксна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.

Со втората понуда, корисниците, приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за кредитот со фискан каматна стапка од 4,90% во првите пет години, односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.

Покрај намалената фиксна каматна стапка и зголемениот фиксен период, Банката овој производ го нуди и со дополнителни олеснувања – без трошок за  аплицирање, без трошок за проценка за првата година и грејс период до 12 месеци, само 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

Супер станбениот кредит е наменет за купување на нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице, за изградба,  доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа) како и за рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Станбените кредити, како и ненаменските потрошувачки кредити во промотивен период до 31.01.2015 година, Банката ги нуди без провизија за одобрување.