TTK Банка со промотивна понуда на Мој кредит 

32

ttk banka

ТТК Банка ја збогатува понудата на атрактивни кредитни производи за физички лица со исклучително поволни услови во промотивен период до 31.12.2015 година.

Корисниците имаат можност да аплицираат за МОЈ КРЕДИТ – ненаменски потрошувачки кредит во денари со ФИКСНА каматна стапка од 0,5% до 2,9% годишно, со рок на отплата до 3 години за износи до 100.000 денари, без жиранти, со определен надоместок за одобрување, во промотивен период до 31.12.2015 година.

Корисниците имаат можност да се задолжат по исклучително поволна ниска фиксна каматна стапка, на краток или среден рок, а условите се поволни и за рефинансирање на постоечките кредитни обврски. За овој производ, со рок на отплата до 1 година можат да аплицираат и корисниците кои не примаат плата/пензија во ТТК Банка.