Тур оператори од Албанија во дводневна посета на Охрид и Струга

30

ohrid-630x418Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Економскиот Промотор за Албанија и КосовоФатос Мустафа, во соработка со општините Охрид и Струга и Здружение на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) организира студиско патување во Охрид и Струга што ќе се одржи од 21-22 јуни 2013.

Станува збор за тур оператори и новинари од неколку престижни медиуми од Тирана, кои за време на посетата ќе имаат можност за се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нудат овие два града.

Учесници ќе присуствуваат и на традиционалната манифестација Денот на Езерото што се одржува секоја година на 21 јуни, а планирани се средби со сопственици на сместувачки единици, хотелиери, тур оператори како и со градоначалниците на Охрид и Струга.

Дводневната посетата на Македонија од страна на тур операторите и медиумите од Албанија има за цел да го зголеми интересот на туристи за убавините на Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји.