Турци го добија тендерот за четири хидроцентрали во Албанија

89

hidrocentralaТурската компанија Kürüm International AŞ го доби тендерот за приватизација на четири хидроцентрали во Албанија, со понуда од 109 милиони евра.

Турската компанија ги откупи сите акции на четирите хидроцентрали, Бистрица 1 и Бистрица 2, чија вредност е 52 милиони евра, и Ulez-Shkopetit и Tirane-Lanabregas, во вредност од 57 милиони евра, според соопштението од албанската влада.

Приватизацијата беше финализирана откако албанскиот премиер Сали Бериша го одобри конечниот извештај презентиран од страна на комисијата за приватизација. Одлуката за приватизација стапи во сила веднаш.

Турската компанија е сопственик и на производствените капацитети Elbasan Steel, фабрика за производство на вар и бродоградилиште од 120.000 метри квадратни во Драч, Албанија.