Турски бизнисмени од општината Капалки се заинтересирани за инвестирање во Дебар. На средбата која ја остварија со дебарскиот градоначалник Ружди Лата, тие биле запознаени со трите економски зони. Бинзисмените особено искажале интерес за инвестирање во изградба на станбени згради, производствени капацитети од областа на дрвната индустрија, како и за рециклирање на хартија.
Местоположбата на Дебар е еден од главните преуслови поради кои бизнисмените одлучиле да ги посетат овие економски зони. Според нив, позитивно е тоа што охридскиот аеродром е во непосредна близина, како и границата кон Албанија, што ќе им овозможи подобар пласман на нивните производи.