Турција бара соработници за развивање на нов автомобилски бренд

23

turcija

Турскиот министер за индустрија, Фикри Ишик, ги повика земјите членки на D – 8 групата да учествуваат во креирање на нов автомобилски бренд, пишува Хуријет.

“Соработката меѓу земјите членки на D – 8 мора да резултира со солидни проекти и да се проширува на понатамошно ниво. Ние започнавме голем домашен проект за развој и производство на автомобил и јас ги поканувам земјите членки да преземат повеќе иницијативи за развој на нашата соработка“, рече Ишик, на самитот на министри на земјите членки на D – 8, што се одржа во Техеран.

Турција започна проект за креирање национален автомобилски бренд уште во 2010 година, со цел да зголемување на извозот и намалување на дефицитот, што е еден од најголемите проблеми на турската економија.

Неодамна министерот Ишик за турските медиуми изјави дека земјата се обидува да го создаде првиот национален автомобилски бренд, а планот е тоа да биде електричен автомобил.

Во групата D – 8 се вклучени земите: Турција, Египет, Индонезија, Иран, Малезија, Бангладеш, Нигерија и Пакистан.