Турција би загубила пола милион туристи поради руските ограничувања

33

Турција би можела да изгуби пола милион туристи поради руските ограничувања за патување со авион коишто на сила остануваат до почетокот на јули.

Русија објави дека од 15-ти април до први јули го ограничува воздушниот сообраќај со Турција поради рекордниот број на новозаразени и повторното воведување на карантин.

“Забраната би можела да биде укината пред предвидениот рок ако се намали бројот на новозаразени. Турција би можела да загуби околу пола милион туристи“, рекол турскиот министер за туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Тој додал дека неговата земја нема проблеми со резервациите за ова лето.

Пандемијата минатата година ги намали приходите од туризам во Турција за две третини.

Туризмот е важен за турската економија бидејќи значи голем девизен прилив и ги надоместува загубите од другите дејности, наведува Ројтерс.

Фото: Pexels