Турција: Бројот на нови компании во 2018 зголемен за 53%

20

flag-2325752_960_720

Фото: Pixabay

Бројот на ново формираните компании во Турција се зголемил за 53,5% за една година, објави Турската Унија на комори и размена на стоки (ТОBB), а пренесува Hurriyet Daily News.

Во јануари се формирани 9.535 нови компании, за разлика од претходната година кога истиот месец биле формирани 6.210 нови компании.  Најмногу нови компании се од трговија на големо и мало, производство и градежништво.

“Во јануари 2018 година беа основани 844 компании со странски партнери. Околу 427 од овие компании имале турски партнери, 118 имале сириски партнери, а 84 имале партнери од Саудиска Арабија”, се вели во извештајот.

Во текот на 2017 година, биле формирани 72.871 компании – за 14,4% повеќе од 2016 година – додека 13.517 компании биле затворени.