Турција доби кредит од 350 милиони долари за обновливи извори на енергија

45

energija od obnovlivi izvori

Светска банка обезбеди кредитна линија во висина од 350 милиони евра за поддршка и финансирање на проекти за обновливи извори на енергија во Турција, пренесува новинската агенција Anadolu.

Од вкупниот износ, 300 милиони долари се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Овие средства турската влада треба да ги отплаќа во следните 18 години, со петгодишен грејс период.

Останатите 50 милиони долари, кои треба да се отплаќаат во следните 20 години и за кои има 10 години грејс период, се обезбедени од специјализираниот фонд на Светска банка – Clean Technology Fund.

Своите потреби од енергија Турција ги обезбедува преку природен гас и на тоа отпаѓаат 43%, потоа следи енергијата добиена од јаглен и вода, додека само 7% отпаѓаат на обновливите извори на енергија.

“Турција е земја која има голем енергетски потенцијал. Ние ја поддржуваме Турција во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, а во исто време овој сектор да стане почист и помалку зависен од увоз“, рече Мартин Рејсер, директор на Светска банка во Турција.

Овој кредит ќе и помогне на Турција да ја задоволи растечката побарувачка од енергија преку развој и искористување на природните ресурси.