Турција: Електрична локомотива од домашно производство ќе заштеди четири милијарди долари

24

lokomotiva-minijatura-pixabay

Фото: Pixabay

Турција планира да заштеди над четири милијарди долари, благодарение на првата локална електрична локомотива, смета турскиот министер за транспорт, поморски работи и комуникации, Ахмет Арслан.

“Локомотивата ќе има совршен систем за наизменична струја и моќност од 5.000 киловати, а ќе достигне брзина од 160 километри на час“, изјави Арслан.

Проектот за дизајнирање и производство на, како што пренесува Хуријет, “најмоќното железничко возило“ Е – 5.000 беше претставен на први октомври.

Планирано е проектот да се заврши во рок од четири години, а се очекува поставување на 20 електрични локомотиви.

Преку оваа локомотива се очекува земјата да заштеди над четири милијарди долари во рок од 30 години, поради трошоците за набавка, одржување и поправка на 500 локомотиви што треба да ги купат властите во Турција до 2023 година.