Турција го намали ДДВ за да се бори против инфлацијата

Турција ги намали даноците на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се бори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Одлучивме да го намалиме ДДВ за производи како што се детергент, сапун, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња од 18 на 8 отсто“, изјави тој за Ројтерс.

Падот на курсот на лирата и растот на цените на храната и енергијата доведоа до инфлација од 54,4 отсто во февруари, највисока во последните 20 години.