Турција го “напушта“ лалето и планира да воведе ново лого за туристичка промоција

38

Фото: Seeklogo

Турција планира да воведе ново лого за туристичка и културна промоција на земјата, а со тоа веќе ќе го нема традиционалното лале во турските кампањи, пишува Хуријет.

Тамошното министерство за култура и туризам објави тендер за рекламирање, што ќе се одржи на осми јануари во Берлин, со цел да се создаде нов идентитет, модерен имиџ, слоган и лого за Турција.

Според условите на тендерот, новото лого не треба да предизвика конфузија со било кое друго лого и да може да се преведе на 32 различни јазици.

Се очекува новата рекламна кампања на Турција да го зголеми обемот на туризмот за 50 милиони во 2019 година.