Турција го повикува Apple да ги пресели меѓународните операции во земјата

25

apple zgrada

Турскиот заменик премиер, Мехмет Шимшек, упати отворена покана до технолошкиот гигант Apple да ги пресели меѓународните операции во Турција, пишува Хуријет.

Шимшек ја упати оваа покана преку Twitter, по одлуката на Европската унија Apple да плати повеќе од 13 милијарди евра за неплатени даноци.

“Apple би требало да се пресели во Турција. Земјата обезбедува поголеми даночни ослободувања, па компанијата нема да има проблеми со европската бирократија“, вели Шимшек на Twitter.

Европската унија на крајот на минатиот месец соопшти дека Ирска дала незаконско одобрение на Apple за даночно ослободување во износ од 13 милијарди евра и на официјален Даблин му наложи да го надомести тој износ од американската технолошка компанија.