Турција: Годишно во ѓубре завршуваат 9 милиони тони свежо овошје и зеленчук

149

ovosje-zelencuk

Околу една петтина од собраните свежо овошје и зеленчук во Турција завршуваат во ѓубре поради лошата жетва и несоодветните услови на чување, соопшти Здружението на земјоделци на Турција, пишува Хуријет.

“Околу 9 милиони тони од годишно произведени 45,7 милиони тони свежо овошје и зеленчук оди на отпад, главно поради неефикасното производство, условите за собирање и лошите системи за складирање”, вели првиот човек на Здружението, Шемси Бајрактар.

Исто така, околу 3 милиони тони житарки од произведени 36,6 милиони тони на годишно ниво, поради истите проблеми завршуваат во отпад.

Финансиски тоа значи загуба од 3,5 милијарди евра кај овошјето и зеленчукот и 784 милиони евра кај житарките.