Турција и Алжир основаат заедничка компанија за истражување на нафта и гас

39

Турција и Алжир ќе основаат заедничка компанија за истражување на нафта и природен гас, која ќе работи во земјите во регионот, особено во Алжир, изјави во четвртокот Фатих Донмез, турскиот министер за енергија и природни ресурси, пренесува Anadolu.

Двете земји постигнаа консензус за основање заедничко вложување меѓу Сонатрах, алжирската национална компанија за нафта и гас и Туркиш петролеум, изјави Донмез за агенцијата.

Околу 90 отсто од извозот на Алжир во Турција се состои од енергетски материјали, вклучувајќи течен природен гас (ЛНГ), течен нафтен гас (ТНГ), сурова нафта и природен гас.

Обемот на трговска размена меѓу Турција и Алжир, кој лани изнесуваше околу 4 милијарди долари, до крајот на годината ќе се зголеми на 5 милијарди.

Врз основа на претседателскиот декрет издаден во мај за време на посетата на алжирскиот претседател Абделмаџид Тебу на Турција, тие имаат за цел дополнително проширување до 10 милијарди долари што е можно поскоро, рече Донмез.