Турција и Полска во трка за фабрика на Фолксваген

24

VolkswagenФолксваген, кој планира да инвестира во фабрика за производство на нови лесни комерцијални возила во Европа, не може да се определи меѓу Турција и Полска, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, пишува Хуријет.

Под притисок на владата да изготви инвестициски план, Фолксваген треба да ја објави својата конечна одлука во врска со своите инвестиции во блиска иднина. Чаглајан рече дека Фолксваген ја разгледува Турција како можна локацијата за своја инвестиција во нов производ.

“Во моментов, тие се обидуваат да се одлучат помеѓу Полска и Турција. Ги очекуваме резултатите во мај. Им објаснив зошто се слаби на Блискиот Исток и како ние ќе придонесеме за нив. Сега Фолксваген размислува и за Турција како место за производство на нови лесни комерцијални возила. Ќе видиме што ќе се случи следниот месец”, рече Чаглајан.

Фолксваген, кој одлучи да ги зголеми своите инвестиции по остварениот висок профит во 2012 година, додаде 10 нови фабрики во својот инвестициски план, во вредност од 50,2 милијарди евра. Седум од нив ќе бидат во Кина, една во САД, а локациите на останатите две се уште не се откриваат.