Турција има резерви на гас во Црното Море за следните 45 години

195

Резервите на енергија во Црното Море се доволни за покривање на глобалната побарувачка за природен гас во следните 45 години, изјави вчера заменик-шефот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и поранешен премиер Бинали Јилдирим.

„Резервите на природен гас на Црното Море сега се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе има и продолжение. Црното Море може да ги покрие потребите за гас во светот во следните 45 години“, изјави Јилдирим за турскиот весник Sozcu.

Турските власти се пофалија со завидни резерви на гас пред две години. Залихите на најголемиот магацин „Сакарија“ тогаш надминаа 400 милијарди кубни метри.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез најави дека Турција планира да започне со производство на гас во првиот квартал од следната година.

Според нивните планови, почетното производство на гас ќе биде 10 милиони кубни метри дневно, а за три до четири години се планира дневното производство да се зголеми на 40 милиони.