Турција извезе 70 милиони цвеќиња во 22 земји за Денот на вљубените

182
Red roses textured background

Производителите на цвеќиња во Турција во пресрет на 14 февруари, Денот на вљубените извезле 70 милиони цвеќиња во 22 земји, изјави претседателот на  Здружението на извозници на украсни растенија и производи, Исмаил Јилмаз.

Тој рече дека е забележан значителен пораст на извозот на цвеќе годинава, пренесува агенцијата Анадолија.

“И покрај пандемијата, извезовме 70 милиони цвеќиња во 22 земји, во вредност од приближно седум милиони долари. Таа бројка минатата година беше шест милиони долари за 60 милиони цвеќиња“, рече Јилмаз.

Фото: Freepik