Турција извезува чевли во 172 земји во светот

24

baletanki-pixabay

Фото: Pixabay

Турција извезува чевли во 172 земји ширум светот, чија вредност достигна 602 милиони долари во текот на деветте месеци од оваа година, пишува Хуријет.

“САД имаат голема куповна моќ и ние извезуваме чевли во вредност од 10 милиони долари во оваа земја. Постои зголемување на извозот во однос на претходните години, но тоа мора да се зголеми многу повеќе“, изјави Јаки Галико, претседател на Здружението на производители и извозници на производи од кожа.

Според Сулејман Гурсој, претседател на Асоцијацијата на производители на чевли во Турција, Ирак е најголем увозник на чевли произведени во Турција, со вредност од 74,6 милиони долари. Зад оваа земја е Русија, на чиј пазар се пласирани турски чевли вредни 56,2 милиони долари.

Оваа индустрија планира да го зголеми извозот на чевли и се надеваат дека ќе достигнат три милијарди долари до 2020 година.