Турција извезува флаширана вода за пиење во 110 земји во светот

140

flasirana-voda-pixabay

Фото: Pixabay

Турција извезува флаширана вода за пиење во 110 земји во светот, пишува агенцијата Анадолија.

Според податоците на Здружението на производители на флаширана вода за пиење на Турција, вкупниот волумен на пазарот на вода во земјата надмина 11 милијарди литри вода, а остварен е промет од 1,3 милијарди долари.

“Сега се обидуваме да влеземе на кинескиот и индискиот пазар, бидејќи тоа се земји со голема популација, а во исто време се соочуваат со проблем да најдат чиста вода за пиење“, изјави Хусеин Карамехметоглу, член на одборот на Здружението.