Турција извезува сладолед во 68 земји во светот

26

sladoled-pixabay-1

Фото: Pixabay

Турција извезува сладолед во вкупно 68 земји во светот, со што во последните 5,5 години инкасираше 204 милиони долари, пишува Хуријет.

Податоците покажуваат дека во последните 5,5 години се извезени 88.400 тони сладолед и тоа најмногу во: Ирак, Косово, Албанија, Северен Кипар, Обединети Арапски Емирати и Азербејџан.

Ирак е на врвот на истата со увоз на 18,3 тони сладолед од Турција во изминатите 5,5 години во вредност од 48 милиони долари. Косово е на второ место со 16,6 милиони долари, додека Албанија увезе сладолед вреден 12,8 милиони долари. Турскиот сладолед, исто така, се извезува и во: САД; Австралија, Бразил, Кина, Индонезија, Јужна Африка, Индија, Канада, Пакистан, Сенегал и Чиле.

Со оглед на тоа што една топка сладолед е еднаква на 50 грама, извозот на сладолед во тој период е 1,7 милијарди топки.