Турција ја поддржува својата економија со скоро 29 милијарди долари

27

Вкупната поддршка што властите во Турција ќе ја дадат за локалната економија ќе достигне вредност од 28,7 милијарди долари, пренесува Хуријет.

“Вкупната вредност на чекорите што ги презедовме досега достигна 200 милијарди лири (28,7 милијарди долари)“, вели турскиот министер за финансии, Берат Албајрак.

Мерките за поддршка се наменети за сите оние луѓе кои ја загубија работата по15-ти март. Властите веќе плаќаат 60% од платите на вработените во компании што се силно погодени од коронавирусот.

Турција, исто така, плаќа околу 5,7 долари дневно за три месеци на оние работници кои мора да заминат на принуден одмор поради пандемијата.

Домаќинствата во Турција можат да аплицираат и за кредити со ниски камати, доколку имаат приходи пониски од 740 долари.

Фото: Pixabay