Турција ја посетиле над 11 милиони туристи за 10 месеци

32

Турција ја посетиле над 11 милиони туристи за 10 месеци

Турција регистрираше 11,2 милиони странски туристи од почетокот на годината до крајот на октомври, пишува Хуријет.

Во текот на воведениот карантин и рестрикциите за патувања поради пандемијата, бројот на странски гости во Турција се намали за околу 72,5% во однос на истиот период лани.

Во последните три месеци, Турција ја посетиле 5,7 милиони странски гости, додека во април и мај, во ек на пандемијата, во земјата имало само 50.000 туристи.

За тие 10 месеци, Истанбул е најпосетувано место во Турција, бидејќи привлече 37,09% од сите туристи или 4,15 милиони. Втора е Анталија, којашто угости над три милиони лица од странство и северозападната провинција Едрене, со 13,47% странски туристи.

Најголемиот дел од посетителите или 8,5 милиони дошле во Турција по воздушен пат, додека 2,5 милиони патувале со автомобил или автобус.

Најбројни меѓу гостите од странство се Русите со 17,06% удел или 1,9 милиони. Потоа следуваат Германците со 9,26% (1,03 милиони туристи) и Бугари со 8,91% (997.470).

Во 2019-та година, над 45 милиони странски гости ја посетија Турција, додека на крајот на 2018-та имаше 39,5 милиони туристи од странство.

Фото: Freepik