Турција ќе ги претстави своите електрични автомобили на CES саемот во Лас Вегас

35

Новиот турски производител на автомобили TOGG ќе ја претстави својата понуда на CES 2022 во Лас Вегас. Најголемиот светски саем на електронски достигнувања, кој традиционално се одржува секоја година во Лас Вегас, ќе биде домаќин на TOGG, првиот турски производител на електрични автомобили, од 5-ти до 8-ми јануари.

Пред две години TOGG на светот му претстави прототипови на електрични теренци и седани, а неодамна потврди дека производството на двата модели ќе започне во 2022 година.

Турската компанија најави дека ќе ги претстави технологиите под заедничкото име „Use-Case Mobility“ на CES, што комбинира „напредни електрични, автономни и поврзани технологии за мобилност“. Производителот на автомобили со седиште во Лас Вегас, исто така, се очекува да прикаже прототипови на електрични теренци и седани.

Инаку, автомобилите ќе се произведуваат во фабриката Гемлик во регионот на Бурса.