Турција ќе гради индустриска зона во Иран за 10 милијарди долари

26

tr

Истанбулската индустриска комора планира да инвестира 10 милијарди долари во изградба на првата странска индустриска зона во Иран, пишува mediapool.bg повикувајќи се на турски Milliyet.

Индустриската зона ќе биде со големина од 500 хектари. Според иранскиот заменик министер за индустрија, рудници и трговија Али Јездани, досега има одделни странски инвестиции во различни индустриски зони во Иран, но дека ова ќе биде првата индустриска зона што ќе биде изградена од странци.