Турција: Крстарење по Средоземното море со подморница

125

podmornica za turisti turcija

Туристичка компанија од Анталија, Турција, ќе привлекува туристи од целиот свет на необичен начин, нудејќи им крстарење по Средоземното море со подморница, пишува Хуријет.

Туристите ќе можат да уживаат во убавините на морето преку подморницата во којашто има место за 48 патници, а ќе се движи на длабочина од околу 39 метри.

“Верувам дека овој потфат ќе ја заживее туристичката индустрија. Имаме големи надежи и очекувања за овој проект“, вели Јунус Емре Јавугјигит од компанијата IHS Travel, којашто стои зад овој амбициозен проект од четири милиони долари.

Подводните авантури со подморницата ќе започнат во април оваа година од крајбрежјето на градот Аланија.

“Планираме да купиме повеќе подморници за туристички тури во Егејското и Мраморното море од 2017 година“, додаде тој.