Турција лани извезе цвеќе во 83 земји во светот

39

Минатата година Турција извезе цвеќе во 83 земји во светот, покрај кризата што ја предизвика пандемијата, чија вредност достигна 107 милиони долари, пренесуваат турските медиуми.

Според податоците, минатата година се продадени 505 милиони парчиња најразлични видови на цвеќе, од кои најмногу каранфили.

Најголем увозник на турско цвеќе беше Холандија, по што следат Велика Британија, Германија, Романија и Бугарија.

Производителите и извозници на цвеќе за оваа година прогнозираат извоз од 125 милиони долари.

Фото: Freepik