Турција лани од извоз на лешници заработи скоро две милијарди долари

81

Турција во 2020 година извезе вкупно 280.924 тони лешници, со што оствари приходи од речиси две милијарди долари.

Турција, најголемиот светски извозник на лешници, оствари приходи од 732,8 милиони долари од извоз на лешници меѓу септември и декември минатата година, пренесува Агенција Анадолија.

Според податоците на Здружението за извоз на лешници и производи од регионот на Црното Море, бројката за четиримесечниот период паднала за 32,7 % во однос на истиот период претходната година.

Околу 70 % од лешниците од Турција во период септември-декември се извезени во земјите членки на ЕУ.

Во земјите на ЕУ во тој период се извезени околу 75.200 тони лешници во вредност од 515,9 милиони долари.

Турција во текот на 2019 година заработи околу 2,3 милијарди долари од извоз на лешници низ светот. Од таа земја во 2019 година се извезени околу 319.772 тони лешници, што е најмногу во историјата на Турција кога станува збор за извоз на лешници.

Последните години посебно се зголеми извозот на лешници од Турција на кинескиот пазар.

Фото: Pixabay