Турција: Над 120.000 апликации за трговски марки во 2017 година

107

prasalnik-pixabay

Фото: Pixabay

Минатата година во Турција се поднесени вкупно 121.108 апликации за трговски марки, што е за 13% повеќе во споредба со 2016 година, пишува агенцијата Анадолија.

“Вкупно 88% од апликациите за трговски марки или 106.099 се домашни. Во 2017 година, исто така беа поднесени 19.283 пријави за патенти, од кои 8.625 се домашни и претставува пораст од 34% во однос на 2016 година“, изјави Хабип Асан, претседател на турската канцеларија за патенти и трговски марки.

Овие показатели, според него, покажуваат дека Турција е на вистински чекор до 2023 година да достигне 50.000 пријави за патенти.

Од 2011 година, Турција годишно регистрира над 100.000 апликации за трговски марки, што е повеќе од било која друга европска земја.

Трговска марка претставува знак, симбол, име или број преку којшто компанијата го означува својот производ.