Турција: Над пола милијарда долари заработка од извоз на маски и заштитна облека

34

Турција од извоз на маски и заштитна облека заработи 573,4 милиони долари во првите шест месеци оваа година, пренесува Daily Sabah.

“Забележавме рекорд и годишно зголемување од 986% во периодот јануари – јуни оваа година“, изјави Мустафа Ѓултепе, претседател на Асоцијацијата на текстилни извозници на Истанбул.

Турските компании, според него, го зголемија производството со цел да се одговори на поголемата побарувачка за маски и заштитна облека.

Извозот на маски од Турција достигна вредност од 144,7 милион долари и 428,7 милиони долари од заштитна облека за шест месеци.

Фото: Freepik