Турција нуди државјанство на странци кои ќе инвестираат во земјата

27

tr

Странците кои ќе купат недвижен имот во вредност од милион долари и инвестираат најмалку два милиони долари или остават депозит од три милиони долари на банкарска сметка, ќе може да станат турски државјани, пишува Хуријет.

Странците за кои министерството за економија на Турција ќе утврди дека инвестирале странски капитал во вредност од два милиони долари, односно оние за кои Министерството за урбанизам утврди дека купиле недвижен имот во вредност од милион долари, под услов да не го продаваат три години, ќе може да земат турско државјанство. Државјанство ќе може да стекнат и оние странци кои ќе вработат најмалку 100 луѓе.

Промените за примена на законот за турско државјанство беа објавени во Службениот весник на земјата.