Турција од извоз на автомобили инкасираше над 12 милијарди долари за пет месеци

64

Производството и извоз на автомобили во Турција бележи голем раст во период од јануари до мај оваа година, по драматичниот пад во истиот период лани поради пандемијата.

Производството на автомобили, вклучувајќи и лесни комерцијални возила и трактори, беше на ниво од 5342.441 единица за пет месеци, што е за 28,2% повеќе во однос на јануари – мај минатата година, пренесува Daily Sabah.

Минатата година, производството на автомобили во Турција се намали за 11% во однос на 2019 година и за 34% во споредба со првите пет месеци од оваа година.

Кога станува збор за продажбата, таа забележа скок од 73,8% во споредба со првите пет месеци од минатата година, достигнувајќи 328.479 единици.

Извозот на автомобилската индустрија во Турција, во периодот јануари – мај оваа година, се зголеми за 37,3% на 12,29 милијарди долари.

Фото: Pexels