Турција од извоз на автомобилски делови заработи 5,5 милијарди долари

37

Турција, од почетокот на годината до крајот на август, извезе делови за автомобили во вредност од 5,5 милијарди долари, пишува агенцијата Анадолија.

Според податоците од Асоцијацијата на извозници на автомобили во Турција, земјата извезла делови во вредност од 5,5 милијарди долари во 193 земји, слободни трговски зони и автономни региони.

Во периодот јануари – август, делови за автомобили во вредност од 1,2 милијарди долари се продадени на германскиот пазар, што е најголем извозен пазар за Турција. Потоа следуваат Италија со 311,6 милиони долари и Романија со 307,2 милиони долари.

Фото: Pexels