Турција од извоз на домати заработила 312,7 милиони долари

48

red-tomatoes

Според обработените податоци на Унијата на извозници на свежо овошје и зеленчук од Турција, извозот на зеленчук, кој во првите пет месеци минатата година изнесувал 781.471 тони, во истиот период годинава се намалил за 3%, на 755.702 тони. Но, и покрај помалото извезено количество, вредноста на остварениот извоз во првите пет месеци е зголемена за 4% и изнесува 471,22 милиони долари, пренесува Хабер.

Најмногу се извезени домати, со зголемена вредност од 11% и зголемен удел од 26%. Со остварен приход од 312.696.000 долари, овој производ сочинува 66% од извозот на зеленчук. Најголемо количество зеленчук, Турција извезла во Русија, а по неа следуваат Бугарија, Украина, Романија и Германија.