Турција од извоз на лешници лани заработи 2,3 милијарди долари

80

Турција минатата 2019 година извезла 319.772 тони лешници во различни делови од светот во вредност од скоро 2,3 милијарди долари, соопшти Илјаш Едип Севинч, претседател на Здружението на ивозници на ореви и јаткаски плодови на Турција.

“Ова е историски рекорд на земјата во однос на извоз на лешници“, изјави Севинч, кој додаде дека ова е 14,5% повеќе во количина и 24% во однос на заработка, споредбено со 2018 година.

Голем пораст во извозот на лешници од Турција е забележано на кинескиот пазар. Во таа земја лани се извезени над 11.000 тони лешници во вредност од 87,2 милиони долари.

Фото: Pixabay