Извозниците на овошни сокови од Турција за следната година планираат извоз од 300 милиони долари, пишува Хуријет.
Во периодот јануари – октомври оваа година вкупниот извоз достигна ниво од 220 милиони долари од овошни сокови во 150 земји низ целиот свет.
Извозот на сокови од Турција во САД е зголемен за 50% од 50 на 75 милиони долари. Потоа, следува извозот во Холандија во висина од 28 милиони долари, а трета е Италија, која увезла сокови од Турција во вредност од 13 милиони долари.
Меѓу најизвезуваните продукти се концентрат за сок од јаболко, грозје и ананас.
Фото: Pexels