Турција од октомври почнува со производство на електрични трактори

103

Масовното производство на првиот електричен трактор во Турција е одложено за еден месец поради пандемијата предизвикана од коронавирусот и ќе почне во октомври, пренесува Хуријет.

“Сакавме да го претставиме електричниот трактор на крајот на август или на почетокот на септември, но работата се одложи за еден месец“, изјави Озкан Кајачан, генерален директор во Agricultural Research and Polices.

Според него, има голем интерес за овие трактори и смета дека ако најават почеток на продажбата, веднаш би се продале околу 1.000 трактори.

Со еден електричен трактор се очекува земјоделците да заштедат околу 18.720 долари годишно. Планот е да се произведуваат околу 10.000 електрични трактори.

Фото: Pixabay