Турција: Од пет садници, до бизнис со 5.000 корени јагоди

173

Фото: Pixabay

Нилгун Каиран од турската провинција Кахраманмараш својот бизнис со јагоди, го започнала како хоби со неколку садници. Денес таа е еден од најголемите произведувачи на јагоди во регионот во којшто живее, објави Hurriyet Daily News.

Нилгун пред 15 години на локалниот пазар купила пет садници јагоди да ги одгледува за домашна употреба. Но, кога увидела колку лесно се одгледуваат, дека не бараат голема грижа и средства за одгледување, решила да го прошири бизнисот.

Карактеристично за нејзините јагоди е тоа што не ги продава на пазар, туку заинтересираните можат да го сторат тоа директно на полето каде ги одгледува.

Сезонава, оваа претприемачка, собра 8 тони јагоди, а производството е добиено на сосема природен начин без никакви негативни ефекти врз овошјето.