Турција од туризам лани заработи 34,5 милијарди долари

108

Турција лани ја посетиле 51,9 милиони туристи, што е за 13,7% повеќе во однос на 2018-та година, пишува Хуријет.

Приходите на Турција од туризам лани бea 34,5 милијарди долари, што е уште еден рекорд. Тоа е пораст од 17% во споредба  со 2018-та година, кога приходите беа 29,5 милијарди долари

Податоците покажуваат дека 86,2% од туристите се од странство, а остатокот од 13,8% се турски државјани кои живеат во странство.

Истанбул, којшто е светски познат туристички град, беше топ дестинација бидејќи ја посетиле скоро 15 милиони туристи, што е 33% од вкупниот број на странски туристи во 2019-та година. На второ место се најде туристичкиот град Анталија, којашто ја посетиле 14,65 милиони странски гости. Трета најпосетувана дестинација е северозападната провинција Ердине, којашто граничи со Бугарија и Грција, а ја посетиле 4,3 милиони туристи.

Русите се најдоминанти меѓу странските гости во Турција, па лани оваа земја ја посетиле седум милиони. Два милиони помалку туристи доаѓаат од Германија, додека земјата лани ја посетиле 2,7 милиони туристи од Бугарија.

Фото: Pixabay