Турција откри наоѓалиште на злато вредно шест милијарди долари

31

Огромно наоѓалиште на злато од околу 3,5 милиони унци (99 тони) благороден метал, проценето на околу шест милијарди долари, е откриено во Турција, објавија турските медиуми.

Откритието во близина на западниот град Шогут го објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Turkish Agricultural Credit Cooperatives General Manager и Gübretaş.

Тој истакна дека “во рок од две години ќе се ископа првото злато и тоа ќе придонесе за зајакнување на турската економија“.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во септември рече дека Турција го сруши рекордот минатата година со вадење на 38 тони злато.

“Нашата цел за следните пет години е да постигнеме годишен принос од 100 тони злато“, рече Донмез.

Фото: Pixabay