Турција планира да произведе 1,5 милиони возила оваа година

11

koli

Турција планира да произведе 1,5 милиони возила оваа година, а има прогрес и во планот да почне со производство на домашен модел на автомобил, изјави министерот за индустрија Фарук Озлу, пишува Хуријет.

Минатата година во Турција беа произведени рекордни 1.359 милиони возила, но тие возила се на странски компании или на компании во соработка со турски компании.

Главен пазар за извоз на автомобилите што се произведуваат во Турција е Европската унија. Меѓу најголемите производители на возила во оваа земја се Oyak Renault, заедничка компанија на француски Renault и Tofaş, партнерството меѓу турски Koç Holding и Fiat Chrysler и комапнијата Ford Otosan.

Советот за научни и технички истражувања на Турција работи на домашен автомобил на основа на Saab 9-3 платформа.